Македонија до 15: Минимален пораз од Хрватска

Објавено на 14 Март, 2024 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 15 години загуби со минимални 1:0 од соодтветната селекција на Хрватска во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Хрватите единствениот погодок на денешниот меч го постигнаа во 18. минута. Македонија најдобрата прилика ја имаше преку Стојковски на почетокот на второто полувреме, но неговиот удар со фантастична одбрана го скроти домашниот голман. Исламовиќ беше најзапазен и најопасен наш играч кој неколку пати успеа сериозно да се закани по голот на Хрватска.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие селекции заврши со победа на Хрватска од 4:0.

Македонија: Антонио Атанасов, Бленди Љачка, Мартин Џангаровски, Матеја Масев, Фадиљ Исламовиќ, Јаков Стојковски, Андреј Цветковски, Матеј петков, Ердин Мамути, Сонер Ракипи, Лука Грчевски;



   
   
А репрезентација