Македонија до 15 години поразена со 3:0 од БиХ на турнирот „Влатко Марковиќ

Објавено на 12 Мај, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години беше поразена од селекцијата на Босна и Херцеговина со 3:0 во рамките на натпреварот од групата Б од меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ" што се одржува во Хрватска.

Босна и Херцеговина рано уште во 12. минута поведе со 1:0. Стрелец на погодокот беше Енсар Мусиќ. Во продолжението од првиот дел избраниците на селекторот Дашмир Беар се обидоа да се вратат во игра, но не успеаа да искористат неколку ситуации за постигнување на погодок.

Во вториот дуел, противникот успеа да постигне уште два гола. Јусуф Терзиќ биеше во 50. минута за предност од 2:0. Андреј Мичиќ ги постави конечните 3:0 во 57. минута од мечот.



   
   
А репрезентација