Македонија до 15 години ја победи БиХ на „Хакија Мршо“

Објавено на 11 Август, 2015 во Вести, До 17 год

Македонската репрезентација до 15 години (генерација 2000) ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на стадионот „Хакија Мршо“ во Вогошча.

Нашата репрезентација дo 15 години на натпреварот кој се играше два пати по 35-ет минути славеше со 2:1. Васил Крстев во 12-та минута го постигна голот за наше водство, БиХ израмни во 29-та минута, а по пет минути од второто полувреме Бојан Колевски го даде голот за победа на селекцијата предводена од Добринко Илиевски. Од повиканите фудбалери за двомечот со БиХ, селекторот Илиевски им даде шанса за настап на сите, освен на повредените Пановски и Бериша.

ГОЛМАНИ: Наков Лука (Академија, Скопје), Костадинов Јордан (Академија Пандев, Струмица);

ОДБРАНА: Пановски Борјан (ФК Работнички), Антовски Филип (ФК Евроспорт,  Куманово), Рамадани Бесир (ФК Шкупи), Ризанковски Виктор (ФК Пелистер), Рамиќ Елвир (ФК Вардар), Стратовски Ангел (ФК  Хит Горица, Словенија), Антонов Кристијан (Академија Постолов, Штип), Додевски Кристијан (ФК Металург)

СРЕДЕН РЕД: Алтин Сефо (ФК Шкупи), Фазлагиќ Енис (Академија, Скопје), Ристовски Кристијан (ФК Вардар), Бериша Јакуб (ФК Вардар), Наумоски Марио (ФК Металург), Алиу Донат (ФК Шкендија), Стојановски Филип (ФК Еуромилк);

НАПАД:  Ѓорѓиевски Марко (ФК Вардар), Љума Енсар (ФК Шкендија), Колевски Бојан (ФК Металург), Крстев Васил (Академија Пандев, Струмица), Скендери  Емир (ФК Македонија ЃП);

Вториот контролен натпревар Бих – Македонија до 15 години се игра утре на истиот терен со почеток во 11.00 часот.




   
   
А репрезентација