Објавено на 15 Мај, 2025 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 14 години загуби со 4:3 од соодветната селекција на Словенија во рамките на вторатата контролна пресметка одиграна помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски".
Двете репрезентации одиграа добар натпревар, со отворена игра, многу шанси и седум постигнати погодоци.
Нашата младата селекција и на првиот натпревар со Словенија, во Скопје беше поразена со 3:1.
Македонија одлично го отвори натпреварот и рано уште во првата минута успеа да поведе со 1:0, искористувајќи ја грешката на противникот во одбраната.
Противникот направи комплетен пресврт и до 25. минута постигна три погодоци.
Македонија преку Борис Матески и Виган Таири успеа да се врати во игра и го израмни резултатот на 3:3.
Победничкиот гол Словенија го постигна во 80. минута од натпреварот.
МАКЕДОНИЈА: Давор Танески, Огнен Божиновски, Андреја Блажев, Ариан Исаку, Наум Пашовски, Амар Незири, Павел Димоски, Драган Петков, Доротеј Христов, Васко Трајков, Дамјан Стрезовски;
Селектор: Горан Станковски;
Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...