Македонија – Австралија на 30. март во Скопје

Објавено на 27 Февруари, 2015 во Вести, Вести

Македонската А репрезентација на 30. март во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против најдобрата репрезентација на Австралија.

Шампионот на Азија ќе гостува на Националната арена „Филип Втори“ три дена по нашиот квалификациски натпревар со Белорусија од циклусот за Европското првенство. Македонија и Австралија одиграа контролен натпревар во 1997година. Натпреварот го доби Австралија со 1:0.




   
   
А репрезентација