Македонија - Турција официјално на 5. јуни на Националната арена во Скопје

Објавено на 26 Мај, 2017 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација на 5. јуни ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Турција на Националната арена во Скопје.

Против селекцијата на Турција имаме одиграно седум натпревари со биланс од една победа, реми и пет порази. Во 1994 и 1995 година двапати загубивме на контролни пресметки со 0:2 и 1:2, а во квалификацискиот циклус за СП 2002 година на „Градски“ загубивме со 1:2, а на гостински терен одигравме 3:3 (Артим Шакири, Игор Саша Николовски и Жарко Серафимовски).

Во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2004 во Португалија повторно бевме во група со Турција и двапати загубивме. Во Скопје 1:2 (Влатко Гроздановски) за гостите , а потоа во ИСтанбул славеа со 3:2 (Влатко Гртоздановски и Артим Шакири). 

Единствената победа ја забележавме во 2006 година на пријателски меч во Германија на кој славевме со 1:0 со голот на Горан Мазнов. 

Натпреварот на 5. јуни Македонија - Турција ќе започне во 19:45 часот. 



   
   
А репрезентација