Лука Станковски: Свесни сме за значењето на квалификацискиот меч со Молдавија

Објавено на 10 Октомври, 2023 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 денеска ги продолжува подготовките за претстојниот квалификациски натпревар против Молдавија на стадинот Зимбру, во Кишинев.

Нашите млади фудбалери од 17. часот ќе го имаат предвидениот тренинг кој ќе биде одржан на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје.

Еден од најквалитетните поединци на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Лука Станковски даде свое видување и анализа за претстојниот меч со Молдавија во рамките на 3. коло од квалификациската група Ц.

- Максимално и посветено се подготвуваме за овој натпревар, свесни сме од какво значење е. Доколку сакаме да се надеваме на пласман за наредното Европско првенство мораме да одиграме на едно високо ниво и да го добиеме овој меч.

-Задоволен сум од тоа што го покажавме на воведните два натпревари од квалификациите против Шведска и Холандија, поседуваме голем квалитет. Одигравме фантастично во Шведска, каде што успеавме да издвојуваме тешка победа против многу квалитетен противник. Против Холандија одигравме уште еден добар меч, но несреќно бевме поразени. Креариавме многу можности за погодок, но реализација немавме. Противник како Холандија тоа умешно го искористи и успеа да триумфира во Скопје. Во иднина ќе мора да ја поправиме нашата реализација и се надевам дека ќе успееме во тоа.

-Против Моладавија мораме да одиграме борбено, офанзивно и пред се концентрирато, особено во завршницата. Мораме да ги искористиме нашите можности на овој натпревар, доколку сакаме да се надеваме на позитивен резултат. 

-Имаме потенцијал и квалитет за големи достигнувања. Нашата цел е пласман на Европско првенство. Мораме да продолжиме да играме добро, мотивирано и да се подобруваме од натпревар во натпревар. Се надевам дека на крајот ќе се радуваме и ќе имаме успешни квалифиакции.



   
   
А репрезентација