Објавено на 16 Мај, 2025 во Вести
Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2025/26 во кое се пријавија девет клубови (ФК АП Брера, КФГ Гостивар и ФК Вардар и ФК Пелистер, ФК Струга Т.Љ., ФК Работнички, ФК Силекс, ФК Шкендија, ФК Шкупи,) од Прва МФЛ и три клубови (ЖФК Љуботен, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Тиверија) од Прва ЖМФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2025/26 на клубовите:
ФК Шкупи Скопје се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2025/26
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2025/26 на клубовите од Прва ЖМФЛ:
1.ЖФК Љуботен – Тетово
2. ЖФК Тиверија - Струмица
ЖФК Каменица Саса - Македонска Каменица се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2025/26.