Квалификациски турнир за фудбалери до 19 години: Македонија поразена од фаворитот Франција

Објавено на 13 Ноември, 2021 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Франција во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир за фудбалери до 19 години за пласман во Елитна фаза што се одржува во Албанија.

Франција ја забележа втората победа во овие квалификации и сосема очекувано успеа да избори пласман во Елитната фаза.

Победникот беше решен уште во првите 25. минути. Аблине во 14. минута донесе предност за французите. На 2:0 зголеми Вирџиниус во 25. минута. Тоа беше на крај и конечниот исход од овој натпревар.

Македонија по втор пат беше поразена во овие квалификации. На 16. ноември го играме последниот меч од турнирот против домаќинот Албанија.


Квалификациски турнир за фудбалери до 19 години, Албанија:

Франција - Македонија 2:0 (2:0)

Македонија: Стефан Тасев, Самет Реџепи, Решат Рамадани, Зуфер Шаини, Бехар Фета, Џемиљ Јахји, Дашмир Елези, Октај Ракипи, Гордијан Христовски, Антонио Јанкуловски, Јане Крстевски;





   
   
А репрезентација