Купи карта за 100 денари и бодри ја Македонија

Објавено на 24 Март, 2017 во Билети, Вести, FFM-Newsletter


На 24. и 28. март, 2017 бодри ја Македонија на трите пријателски натпревари!

Македонската А репрезентација на 28. март во 18:00 часот на Националната арена игра пријателски натпревар против Белорусија. Билетите за пресметката на нашата најдобра селекција против белорусите можете да ги купите во преку продажната мрежа на mktickets и на официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall.

Пандев, Несторовски, Хасани и останатите од дружината на селекторот Игор Ангеловски ги бодриме на нашата арена. Картата е по симболична цена од 100 денари.

На 24. и 28. март, репрезентацијата на Македонија до 21 година игра контролни натпревари против Црна Гора и Бугарија. Двата натпревари се закажани во 14:00 часот на теренот во комплексот „Петар Милошевски“.

Влезниците во продажба од недела, 19. март по цена од 100 денари преку продажната мрежа на mktickets.

ПОБЕДУВАЈ И БОРИ СЕ – БОРИ СЕ И ПОБЕДУВАЈ

#Македонија




   
   
А репрезентација