Куп на Македонија: Македонија Ѓ.П. - Академија Пандев, среда, 18:30 часот , Национална арена

Објавено на 22 Мај, 2019 во Куп на Македонија, Вести


Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев вечерва од 18:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го одиграат 27. финале од Купот на Македонија. 

Две екипи кои апсолутно заслужено се најдоа во завршниот меч во нашето најмасовно фудбалско натпреварување. Искуството на „лавовите“ или младоста на „пандевци“? Што ќе пресуди? Ќе видиме по мечот, по големото куп финале бр.27 во самостојна Македонија. На пехарот ќе се израдува цело Ѓорче или пак Струмица. 

Македонија ЃП по третпат ќе игра еден ваков натпревар во својата историја. Во 2006. година успеа со 3:2 да слави над Шкендија, три години подоцна загуби од Работнички на пенали. На Академија Пандев во својата куса клупска историја ова и е најголемиот меч досега. Ова финале ќе донесе многу емоции, во ова финале ќе ја гледаме бразилската колонија во Македонија Ѓ.П. потпомогната од искусните Стјепановиќ, Божиновски, Кировски. На другата страна повремениот репрезентативец Дориев, потоа Сашко Пандев, Стоилов, Стојкоски, Шиков и останатите.

Шармот што ги носи овие финални дуели е нешто посебно.  На линкот подолу, преземете ја официјалната инфо - брошура за финалето од Купот на Македонија: 

Куп на Македонија 2019 - Македонија Ѓ.П. - Академија Пандев .pdf 



   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација