Куп на Македонија: Извлечени четвртфиналните двојки

Објавено на 05 Октомври, 2018 во Куп на Македонија, Вести


На извлекување во Фудбалската федерација на Македонија беа одредени четвртфиналните парови во Купот на Македонија.

Актуелниот Куп освојувач Шкендија во четвртфиналето ја доби прилепска Победа. Академија Пандев ќе се соочи со второлигашот Кораб, додека останатите две пресметки се меѓу Силекс и Беласица, односно Македонија Ѓорче Петров и Работнички.

Во четвртфиналето се играат два натпревари. Во случај на изедначен резултат по втората средба, веднаш се пристапува кон изведување на пенали. Првите дуели се играат на 7. ноември, а возвратните дуели се на 5. декември. 

1/4 финале, Куп на Македонија:

Шкендија - Победа
Силекс - Беласица
Академија Пандев - Кораб
Македонија ЃП - Работнички




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација