КУЛ Здравје е победник во Купот на Македонија за помлади петлиња (2005.)

Објавено на 20 Мај, 2019 во Куп на Македонија, Вести


Екипата на Кул Здравје е освојувач на Купот на Македонија за помлади петлиња (генерација 2005.). На финалниот натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Кул Здравје славеше победа од 2:1 против Вардар и го освои пехарот во Купот на Македонија.

Вардар прв дојде до предност од 1:0 со голот на Јовановски по само 120 секунди игра, но сепак до полувремето Кул Здравје успеа да израмни со погодокот на Петрушевски во 27. минута. Победата за Кул Здравје ја донесе Васиќ во 78. минута.

ФК ВАРДАР - ФК КУЛ ЗДРАВЈЕ 1:2 (1:1)

(1:0 Филип Јовановски 2`; 1:1 Стефан Петрушевски 27`; 1:2 Даниел Васиќ 78`)

Жолти картони:Серафимов, Величковски, Кулуковски (Вардар) - Наков (Кул Здравје)

Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје

Судии: Јовче Поповски (Охрид); Помошници: Слободан Ангелов (Струмица) и Христијан Божиновски (Скопје); 

ФК ВАРДАР: Никола Филевски (Леонид Илиевски 41`), Лука Јакимовски, Филип Јовановски, Тино Спасиќ, Никола Величковски, Матеј Гаштаров (Кристијан Галевски 63`) , Давор Лефковски (Кристијан Антевски 55`) , Влатко Кулуковски, Кристијан Таневски, Горјан Цветков, Давор Серафимов;  

ФК КУЛЗДРАВЈЕ: Јордан Јосифов, Александар Трајчевски, Матеј Митревски, Петар Станковски, Стефан Петрушевски (Владимир Стефановиќ 59`), Максим Бундалевски, Борјан Наков, Александар Богдановски (Мартин Ацевски 68`), Александра Блажевски (Стефан Симоновски 41` - Андреј Стојановски 70`), Даниел Васиќ (Лука Мутовиќ`), Матеј Цветановски;




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација