Крсте Велковски и Александар Трајковски: Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај

Објавено на 13 Ноември, 2019 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните два натпревари против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“). 

Нашиот најдобар национален тим денеска тренираше на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а репрезентативните напаѓачи, Крсте Велковски и Александар Трајковски сметаат дека подготвени ќе го дочекаат предизвикот во Виена против Австрија и се надеваат на поволен резултат. 

- Мислам дека овие два натпревари ќе бидат навистина тешки, ни недостасуваат неколку фудбалери, но сепак имаме квалитет да се обидеме да освоиме што повеќе бодови и да останеме на третото место во групата. Австрија е многу квалитетна репрезентација, играат одлични натпревари, но наше е да се потрудиме да одиграме на високо ниво и силно да се спротивставиме. Ритамот на игра сигурно ќе биде на максимум, но и покрај отсуството на неколкумина фудбалери мислам дека физички сме подготвени за предизвикот. Со добар резултат од овие два натпревари ќе ја задржиме атмосферата за тоа што веројатно не очекува во март и натпреварот за пласман на Европското првенство, изјави Крсте Велковски. 

- Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен не ја покажува реалната слика меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција, изјави Александар Трајковски. 




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација