Конкурс за УЕФА Ц курс

Објавено на 20 Октомври, 2023 во Вести, Семинари


Едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Ц курс.

За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот електронски прашалник кој е отворен до 24.10.2023. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен, а конкурсот завршен. Понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по e-mail и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.

Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА Ц курс.

Кон пополнување на пријавата може да се пристапи на линкот подолу кој ги содржи и можните датуми за одржување на курсот:

https://forms.office.com/e/9tnxwquYJJ - Линк за пријава на УЕФА Ц курс

Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА Ц курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.

Критериуми УЕФА Ц курс.pdf 




   
   
А репрезентација