Конкурс за УЕФА Б - голмански курс

Објавено на 19 Октомври, 2023 во Вести, Семинари


Едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Б - голмански курс.

За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот електронски прашалник кој е отворен до 23.10.2023. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен, а конкурсот завршен. Понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по e-mail и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.

Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА ГК курс.

Кон пополнување на пријавата може да се пристапи на линкот подолу кој ги содржи и планираните датуми за Модул 1:

https://forms.office.com/e/8untEWTNqs - Линк за пријава на УЕФА Б - голмански курс

Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА ГК курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.

КРИТЕРИУМИ УЕФА ГК Б курс.pdf 




   
   
А репрезентација