Конкурс за УЕФА А курс

Објавено на 04 Март, 2024 во Вести


Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА А курс.

Курсот за УЕФА А Диплома - Генерација 16 ќе стартува во Април. 

Модул 1 ќе се одржи во во период 07-12.04.2024 (Недела - Петок); 
Модул 2 во период 3-8.06.2024 (Понеделник - Сабота) во хотел Истатов, Дојран. 
За Модул 3 следи договор на лице место со примените кандидати при Модул 2, а истиот ќе се одржи на есен 2024.

За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни онлајн прашалникот кој е отворен 5 дена. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен и конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.

ЦЕ на ФФМ го задржува правото за затворање на конкурсот и пред истекот на наведениот рок доколку максималниот број на предвидени места биде пополнет со апликанти кои ги усполнуваат основните критериуми за учество на УЕФА А курс во организација на ЦЕ на ФФМ.

Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност кандидат да биде земен во предвид за учество на претстојниот УЕФА А курс.

ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА УЕФА А ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕ НА ФФМ.pdf 

За можни нејаснотии или дополнителни прашања пред апликација, можете да се обратите на следниот е-маил:

bojan.markovski@

Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА А курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.





   
   
А репрезентација