Комплетиран процесот на лиценцирање. Утре ќе биде познат распоредот на натпревари за Прва МФЛ

Објавено на 26 Јули, 2023 во Прва МФЛ, Вести


Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубовите за учество во ПРВА МФЛ во натпреварувачката сезона 2023/24, а по преглед на доставената документација согласно правилниците за издавање на дозволи на клубови за учество во натпреварувања во организација на ФФМ, ги донесе следните одлуки:

Се издава лиценца за учество во ПРВА МФЛ за натпреварвачката сезона 2023/24 на клубовите:

1. ФК АП Брера АД - Струмица

2. ФК Брегалница 2008 АД - Штип 

3. ФК Вардар АД - Скопје

4. ФК Воска спорт АД - Охрид

5. ФК Гостивар АД - Гостивар

6.  ФК Македонија ЃП 1932 АД - Скопје

7.  ФК Работнички АД - Скопје

8. ФК Силекс АД - Кратово

9. ФК Струга Трим Лум АД - Струга

10. ФК Тиквеш 1930 АД - Кавадарци

11. ФК Шкендија АД - Тетово

12. ФК Шкупи 1927 АД - Скопје

Издадените лиценци за клубовите од Прва МФЛ се условни, односно клубовите од Прва МФЛ ќе го загубат статусот доколку не ја исполнат обврската за уплата на котизација за сениорска екипа за натпреварување во Прва МФЛ, односно не постапат согласно одредбите на член 48 од Пропозициите за натпреварување во Првата фудбалска лига за натпреварувачката сезона 2023/2024, потоа, во континуитет за времетраењето на натпреварувачката сезона 2023/2024 година нема склучено и објавено најмалку 15 (петнаесет) професионални договори или не ја исполнат обврската за уплата на котизација за млади категории во утврдениот рок, односно во Пропозициите за натпреварување за млади категории за натпреварувачката сезона 2023/2024. 

По комплетирањето на процесот за лиценцирање и донесените одлуки, Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ го закажа извлекувањето на распоредот на натпревари (Календар на натпревари за ПРВА МФЛ, натпреварувачка сезона 2023/24) во четврток, 27. јули во 11:00 часот во „Куќа на фудбалот“. 




   
   
А репрезентација