Кирил Изов: Женската репрезентација е силно мотивирана за победа на утрешниот натпревар

Објавено на 01 Октомври, 2019 во Вести, А репрезентација жени


Македонската А женска репрезентација утре против Казахстан ќе ја бара првата победа во квалификациите за Европското првенство 2021 година. Нашата селекција на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 15:00 часот се соочува со репрезентацијата на Казахстан.

Селекторот Кирил Изов се надева на добра игра и позитивен резултат од утрешниот дуел.

-Ова е нашата прилика за прва победа во квалификациската група. Добро ги минавме подготовките, тимот е комплетен и силно веруваме во успех на утрешниот натпревар. Одигравме сосема добро и на воведниот дуел со Австрија во Виена, а тоа ни дава за право да веруваме во добар резултат. Комплетни сме и мотивирани за победа, вели селекторот Изов.

На 5. октомври, македонската репрезентација ќе се соочи со Србија, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во нашата група за пласман на ЕП во Англија, топ фаворит е Франција. 





   
   
А репрезентација