Извлечени двојките за 1. коло во Купот на Македонија

Објавено на 08 Август, 2018 во Куп на Македонија, Вести


Во „Куќа на фудбалот“ денеска беа извлечени двојките од првото коло во Купот на Македонија.

Ждрепката посака во првото коло актуелниот првак Шкендија да игра против Кожуф. Вицешампионот Пелистер ќе гостува кај кочански Осогово, додека Вардар ќе гостува кај истоимениот тим од Форино.

Струга Трим Љум ќе се соочи со прилепска Победа, Македонија ЃП ќе биде гостин кај Превалец, Работнички исто така ќе гостува кај Фортуна, а Шкупи ќе оди во Пехчево кај Кит-Го. 

Куп на Македонија 

Струга Трим Љум - Победа
Кораб - Борец
Влазрими 77 - Беласица
Вардар Неготино - Скопје
Фортуна - Работнички
Лабуништа - Академија Пандев
Кит-Го - Шкупи
Поешево - Брегалница
Кожуф - Шкендија
Вардар Форино - Вардар
Осогово - Пелистер
Тетекс - Гостивар
Братство-Влазними - Силекс
Тиквеш - Ренова
Превалец - Македонија ЃП

Мечевите од првото коло во Купот на Македонија се играат на 22 август.




   
   
Актуелности
Календар

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација