Известување за одложени натпревари од Прва МФЛ

Објавено на 09 Мај, 2015 во Прва МФЛ, Вести


Поради влошена безбедност во градот Куманово, а по препорака од Министаерството за внатрешни работи на Македонија ве информираме дека термините за одигрување на натпреварите од 30.коло на 1.МФЛ ќе претрпат одредени измени. Натпреварите од плеј-оф групата, поради обврската за одигрување во ист термин во последните три кола согласно член 53 од Правилникот за натпревари на ФФМ, се пренасочуваат за одигрување во вторник, 12.05.2015, 16.30ч. Натпреварите од плеј-аут групата остануваат да се одиграат во претходно закажаните термини на 10.05.2015. 16.30ч.



   
   
А репрезентација