Иван Тричковски поради повреда отпаѓа за Полска

Објавено на 12 Октомври, 2019 во Вести, Вести


Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски поради повреда на задната ложа не е во комбинација за настап против Полска. 

Нашата најдобра селекција утре од 20:45 часот во Варшава го игра квалификацискиот натпревар против лидерот во групата, репрезентацијата на Полска. 

Иван Тричковски, по завршувањето на вчерашниот тренинг се пожали на повреда, а резултатите од лекарските испитувања потврдија дека се работи за истегнување на мускулот на задната ложа. 

Поради повреда натпреварот со Полска, а претходно и против Словенија го пропуштаат и Енис Барди и Дарко Велковски. 



   
   
А репрезентација