Информација за уписите за УЕФА Б и УЕФА А диплома

Објавено на 22 Април, 2019 во Семинари


Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија ве информира дека:  

Уписот за УЕФА Б Диплома е затвроен и групата е формирана, примените кандидати ќе бидат известени по мејл за термините на одржување на семинарите.


Заради слаб интерес, уписот за УЕФА А Диплома останува отворен се до пријавување на доволен број на кандидати и формирање на групата со следниве услови за упис на курсот:

УЕФА А Диплома – 25 места,

- Барање за упис со наведени мејл и телефон за контакт со прилог следниве документи:

- Државјанин на Република Македонија и најмалку 25 години старост, (копија од пасош)

- Носител на УЕФА Б Диплома најмалку две години, (копија од дипломата)

- Најмалку 2(две) години тренерски стаж како носител на УЕФА Б Диплома од кои најмалку 1(една) како главен тренер во младински категории или асистент во сениорски категории, потврда од клубот (ФФМ ја проверува информацијата во КОМЕТ системот)

- Лекарско уверение – оригинал

- Уплатница од 200 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ како прва рата (курсот чини вкупно 875 евра, во овие средства не се влезени трошоци за пат и сместување 2 х 5 дена и еднаш 7 дена во местото на одржување на курсот).

Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ:

300000001599760 – Комерцијална Банка

Примач – ФФМ Скопје

Цел на дознака: За УЕФА А курс

Доколку се пријават повеќе од 25 кандидати за курсот, Центарот за Едукација на ФФМ го задржува правото да изврши дополнително тестирање на кандидатите за прием во групата.

Заинтересираните кандидати треба своите барања и документи да ги достават до архивата на ФФМ или по пошта на адреса Бул. АСНОМ 21, 1000 Скопје, по завршување на уписот и формирање на групата, примените кандидати ќе бидат известени за термините на одржување на семинарите.

Со почит

Центар за едукација




   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација