Информација за билети за натпреварот против Словенија во Љубљана од квалификациите за ЕУРО 2020

Објавено на 06 Март, 2019 во Билети, Вести


Македонската А репрезентација на 24. март 2019. гостува во Љубљана за натпреварот од 2. коло против Словенија од квалификациите за ЕУРО 2020 година.

Ги известуваме сите заинтересирани навивачи и поддржувачи на нашата репрезентација  кои сакаат да присуствуваат и да ја бодрат нашата репрезентација на натпреварот на „Стожице“ во Љубљана дека влезниците се пуштени во продажба преку официјалниот партнер за билети на Фудбалскиот сојуз на Словенија, а истите можат да се купат електронски на следниот линк:

https://www.eventim.si/en/tickets/slovenija-makedonija-ljubljana-stadion-stozice-514648/event.html

За блоковите од стадионот „Стожице“ (S30 и S31) одредени од домаќинот за поддржувачите и навивачите на македонската репрезентација цената на влезница до денот на натпреварот (23. март) изнесува 15 евра, додека на денот на натпревар (24. март), влезницата ќе се продава по цена од 20 евра.

Благодарност до сите наши навивачи кои ќе и дадат поддршка на Македонија, ви посакуваме да уживате во натпреварот и заеднички да се радуваме на позитивен резултат. 




   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација