Игор Ангеловски: Откако ја погледнав снимката, одлучив Несторовски да го ослободам за мечот со Германија

Објавено на 29 Март, 2021 во Вести, Вести


Изјава од Игор Ангеловски - селектор на македонската А репрезентација:

“Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”. 



   
   
А репрезентација