Хоризонт Турново го задржа прволигашкиот статус

Објавено на 07 Јуни, 2015 во Прва МФЛ, Вести

Екипата на Хоризонт од Турново е 10-иот тим кој следната сезона ќе се натпреварува во Првата Лига, откако го победи Гостивар со резултат 2:0 во вториот реванш натпревар од баражот за пополнување на Првата Лига.

Првиот натпревар заврши нерешено 1:1, така што Хоризонт со вкупен резултат од 3:1 го осигура прволигашкиот статус. Натпреварот почна со блага иницијатива на Гостивар, а Хоризонт нешто по повлечено чекаше шанса од контра. Првата закана дојде во втората минута кога Таири нафрли од слободен удар, Рамадани биеше со глава, а на голот сигурен Захов. Се играше 16-тата минута кога Турновци од корнер нафрлија на втората статива каде беше заборавен осамен Кристијан Иванов, кој со глава погоди за 0:1. Во 21-та минута Пандев биеше од слободен удар, но за малку над голот. Хоризонт продолжи да игра на контри и тоа даде плод во 35-тата минута кога Пандев повлече еден класичен противнапад и нафрли на другата страна од каде топката беше спуштена за Ташев кој со прецизен удар погоди за 0:2 и солидно водство за Хоризонт. До крајот на првиот дел се заканија Нуриши и Белули, но во двата случаи Захов беше сигурен во голот. Во вториот дел се очекуваше Гостивар да има иницијатива, но подобрите шанси ги имаше Хоризонт. Ташев во 50-тата минута помина неколку играчи и излезе сам пред голот но Нухии со пад во нозете успеа да спаси. Во 64-тата минута по центаршутот на Милушев, Пандев биеше непрецизно од изгледна ситуација, а малку подоцна по киксот на Нухии Кочоски со глава го преврли презниот гол. Во продолжение Пандев биеше силно над голот, а Гостивар посериозната шанса за гол ја имаше дури во 90-тата минута кога Алији биеше силно, а Захов одбрани одлично. На крајот радоста им припадна на играчите на Хоризонт Турново, кои остануваат прволигаши, а Гостивар својата шанса ќе ја очекува на некоја наредна прилика.


ГОСТИВАР-ХОРИЗОНТ Т.

Градски стадион во Пробиштип

Гледачи: 600

Судија: Стевче Шулески (Охрид)

Помошници: Жарко Тодорвски (Охрид) и Кирил Нигериески (Струга)

4 судија: Благојче Ралевски (Битола)

Контролор: Марјан Ристески (Кичево)

Делегат: Душко Мандаровски (Скопје)

Стрелци: Иванов 16' и Ташев 35' (Хоризонт Т)

Жолти картони: Беџети, Неби (Гостивар), и Пандев, Милушев, Ташев, Кочоски, Танушев (Хоризонт Т)

Црвен картон: /

ГОСТИВАР: Нухи, Беџети, Рамадани, Савевски, Таири, Белули (Талески 63'), Ристовски (Алији 57'), Нуриши, Неби, Мифтари (Адеми 69'), Блажевски.

Тренер: Арѓенд Беќири

ХОРИЗОНТ Т.: Захов, Ташев, Илиев, Танушев, Мавров, Кочоски (Божинов 83'), Иванов, Милушев, Пандев (Крстовски 89') Најденов, Стоилов (Марков 63').

Тренер: Шефки Арифовски




   
   
А репрезентација