Горан Станковски: Во Македонија до 19 години има исклучително талентирани фудбалери, веруваме во успех, па дури и против Англија

Објавено на 30 Јули, 2018 во Вести, До 19 год


Горан Станковски, најдобриот тренер во младински фудбал за изминатата сезона доби шанса да ја предводи македонската репрезентација до 19 години. Поранешниот трофеен фудбалер на Слога Југомагнат, но и со големо интернационално искуство како играч во Русија (Сибир), Турција (Дијарбекирспор), Белгија (Антверпен) и Германија (Тенис Борусија) вели дека за него е голема чест што има прилика да ја предводи репрезентацијата со исклучително талентирани фудбалери.

-За мене е голема чест и задоволство што добивам прилика да ја предводам македонската фудбалска репрезентација, а посебно ми е драго што тоа е селекцијата до 19 години, во која има многу талентирани фудбалери и со која се надевам дека ќе оствариме забележителни успеси.

-Имаме добра селекција, ова е состав кој е селектиран во изминатите четири - пет години, во тимот има исклучително добри и талентирани фудбалери, а јас ќе се обидам да им го пренесам целото мое искуство за да оствариме позитивни резултати. Секако, ќе ги следам сите играчи и од домашното првенство, но и фудбалерите кои настапуваат во странство и доколку се во добра форма ќе добијат шанса да се наметнат и во репрезентацијата.

Во периодот што следува Македонија до 19 години ќе одигра неколку квалитетни контролни натпревари против силни противници. Меѓу нив и пресметката против Англија на гостински терен.

-Федерацијата веќе направи добра работа со закажаните контролни натпревари против Англија, Полска и на турнир во Летонија, веројатно и дома ќе одиграме неколку контролни средби, се со цел квалитетно да се подготвиме за квалификацискиот турнир за ЕП во ноември против Хрватска, Чешка и Лихтенштајн.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација