Горан Пандев:Најважен е колективот. Екипата е таа која го исфрла поединецот во прв план

Објавено на 10 Ноември, 2016 во Вести, Вести


Капитенот на А репрезентацијата на Македонија Горан Пандев вели дека Македонија има право да се надева на добра игра против големиот фаворит Шпанија на натпреварот кој за два дена го играме на стадионот „Нуево Лос Карменес“ во Гранада.

-Ако бидеме вистински и доколку секој во тимот ја извршува својата задача и работи за колективот тогаш може да бидеме оптимисти и да веруваме дека може да одиграме добар натпревар. Шпанија е јасен фаворит, една од најдобрите светски репрезентации, за нас е неопходно да бидеме максимално концентрирани. Треба да сфатиме дека екипата е таа која го исфрла поединецот во прв план, многу е важно така да се однесуваме и на теренот. Навистина ни недостасуваше спортска среќа на претходните натпревари, не беше едноставно да ги прифатиме тие резултати, но мораме да ја кренеме главата и повторно да излеземе со намера да се надигруваме и да бараме позитивни нешта. Се чувствувам подготвен, верувам дека и останатите играчи имаат мотив и желба за голем натпревар, останува да излеземе на терен и да се бориме, изјави Горан Пандев.




   
   
А репрезентација