Голем интерес за фудбалскиот натпревар Македонија-Италија

Објавено на 23 Септември, 2016 во Вести, Вести

Над 3000 Италијани доаѓаат во Скопје да ја бодрат својата репрезентација

По несреќниот пораз од Албанија, во Скадар, Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов голем предизвик. Во Скопје гостуваат Израел и Италија. Израел можеби не толку звучно име, но секогаш незгодна репрезентација за нас, додека Италија, популарните Азури, во најсилен состав и со императив за победа.

Едни од најдобрите фудбалери во светот како Буфон, Верати, Имобиле, Грациано Пеле, Кјелини, Џакерини, Мота и останатите,  кои настапуваат во најелитните европски клубови, и кои заедно во италијанската репрезентација претставуваат еден компактен тим кој пружи одлични игри да последното европско првенство, тим кој со својата игра воодушевува милиони љубители на фудбалот низ светот, и кој несреќно на пенали беше сопрен од Германија во борбата за последната европска титула.

Македонската фудбалска репрезентација има силни противници кои сигурно ќе бидат голема инспирација да се даде максимум и да се остварат поволни резултати. Посакуваме Пандев да даде гол против земјата во која ја достигна својата фудбалска слава, Несторовски да ја потврди својата вредност, Хасани да биде брилијантен како многупати досега, а одбраната да биде сконцентрирана и непробојна.

Во секој случај ќе гледаме убав фудбал, по вкус на вистинските фудбалски сладовкусци. Во интерес на добрата фудбалска претстава оди и фактот дека Фудбалската Федерација на Македонија одреди исклучително поволна блок цена за овие два репрезентативни натпревари. Цената за север и југ ќе биде 500 денари, додека за запад 250 денари. Доаѓа за првпат фудбалска велесила како Италија, неколку кратен светски фудбалски првак, што само по себе е гаранција за одлична претстава која никако не смее да се пропушти. Побрзајте по својот билет, спремете ја вашата лична црвено жолта декорација и да му покажеме на светот како се навива во Македонија.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација