Футсал репрезентација на Македонија: Две контролни пресметки против Босна и Херцеговина

Објавено на 16 Март, 2016 во Вести, Футсал

Футсал репрезентацијата на Македонија на 23 и 25 март со почеток од 18:00 часот на гостински терен ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина.

Контролните пресметки ќе бидат одиграни во Зеница и Жебче (Босна и Херцеговина).

Селекторот на македонската репрезентација, Иван Божовиќ ги повика следните играчи за овој пријателски двомеч:

ГОЛМАНИ: Антонио Петровски (Железарец), Влатко Петровски (Велес);

ОДБРАНА: Зоран Левески (Железарец), Ферид Агуси (Железарец), Трајче Трајков (Велес);

НАПАД: Даниел Де Соуза (Железарец), Игор Леовски (Железарец), Мартин Мехмединовиќ (Црна Река), Дарко Ранготов (Железарец), Драган Петровиќ (Железарец), Садат Зибери (Динамо, Хрватска), Џо Арсовски (Врање, Србија), Иван Крстевски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи 1927)

Предводникот на футсал репрезентацијата, Иван Божовиќ очекува позитивни резултати во периодот што следува.

„ Ова за нас се први натпревари во оваа година, започнуваме еден нов циклус на натпревари во кој се надевам дека ќе оствариме позитивни резултати. Воедно ова се првите подготовки пред квалификацискиот циклус кој не очекува за пласман на Европското првенство во Словенија. Списокот на играч е прооширен, шанса добија фудбалери кои биле претходно дел од репрезентацијата, како и играчите на Железарец кој претставуваат основа на оваа селекција.", вели селекторот Иван Божовиќ.

Првиот собир нашата футсал селекција ќе го има во понеделник, 23 март во 18:00 часот во ФФМ.

 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација