Објавено на 08 Април, 2022 во Вести, Футсал
Футсал тимот на Арбен Бајрами е освојувач на Купот на Македонија по издвоената победа од 5:1 над Карадаку во финалниот меч што се одигра во спортската сала во Автокоманда.
Футсал тимот на Арбен Бајрами за прв пат во својата историја успеа да го крене пехарот во ова натпреварување.
Сулејмани Реџеп го отвори резултатот и донесе предност за Арбен Бајрами на финалната средба во 7. минута. Фудбалерите на Карадаку брзо го возвратија ударот и во 9. минута преку Исени Егзон израмнија на 1:1.До крајот на средбата Арбен Бајрами одигра подобар меч, беше подобар противник и успеа да постигне уште 4 погодоци во мрежата на противникот.
Во 20. минута, Рамадани Берат постигнува гол за ново водство на Арбен Бајрами. Бејтула Јакупи во 44. минута ја зголемува предноста на својот тим. Јахја Абдил Кадир со два погодоци во 26 и 35 минута ги поставува конечните 5:1