ФОТО: Многу мотиви за нова победа за Македонија

Објавено на 09 Октомври, 2018 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот против Лихтенштајн од Лига на нации на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори“. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во прекрасна атмосфера го одработија тренингот во центарот „Петар Милошевски“. Македонија во досегашните два меча има две победи. Во првиот натпревар го совлада Гибралтар на гостински терен, додека во Скопје во втората средба го доби директниот конкурент за првото место, Ерменија.

Верните навивачи на Македонија можат да купат билет за натпреварот Македонија - Лихтенштајн преку продажната мрежа на MKTickets.

Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена. 

УЕФА ЛИГА на НАЦИИ, група 4, 3. коло: 

МАКЕДОНИЈА - ЛИХТЕНШТАЈН

Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 13. октомври 2018., 20:45 часот





   
   
Актуелности
Календар

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
15:15 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација