ФОТО: А репрезентацијата го одработува првиот тренинг во турски Белек

Објавено на 19 Март, 2018 во Вести, Вести


Најдобрата репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за двата контролни натпревари во турски Белек против Финска (23. март) и Азербејџан (27. март). Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски на првиот тренинг не можеше да смета на репрезентативците Стефан Ристовки, Езџан Алиоски и Столе Димитриоски кои подоцна во текот на денот ќе им се придружат на репрезентативните колеги. Во националниот тим денеска се приклучи и капитенот Горан Пандев. 




   
   
А репрезентација