Финалниот турнир на ФФМ детски лиги - празник на фудбалот

Објавено на 07 Јуни, 2014 во Детски лиги


Вистински фудбалски празник беше денешниот финален турнир на ФФМ детските фудбалски лиги.  На терените на Куќата на фудбалот, повеќе од 500 деца од седум генерации од регионите вклучени во натпреварувањето во сезоната 2013/2014 се квалификуваа во полуфиналните и финалните натпреварувања, и го крунисаа завршетокот на една успешна сезона во ова ново, ветурвачко натпреварување.

Пехари и дипломи за постигнатиот успех во секоја генерација добија сите екипи од прво до четврто место, а наградите ги доделија претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на поддржувашите - Петар Трпески од Шпаркасе и Дејан Длака од Ерман.

Во продолжение можете да го погледнете дијаграмот со постигнатите резултати по генерации:

finale-dijagram-12.pdf 




   
   
А репрезентација