Финални подготовки на младите женски репрезентации

Објавено на 17 Август, 2015 во Вести, До 19 год жени, До 17 год жени

Женската селекција на Македонија до 19 години во периодот од 17 до 20 август во Дојран ќе ги започне подготовките пред квалификацискиот турнир кој е закажан за септември, во нашиот главен град.

За овој собир пред квалификациите селекторот Астрит Мерко го објави списокот на фудбалерки.

Повикани фудбалерки во селекцијата до 19 години се:

Викторија Панчурова, Даниела Велеска, Александра Симоноска, Стефани Скерлевска, Аните Алексиќ, Ане Бошеска, Александра Поповска, Бојку Шкипе, Дијана Христовска, Теодора Киранова, Весна Танеска, Тамара Јанкоска, Павлинка Николовска, Биљана Китанова, Елена Петровска, Симона Јанкулоска, Елена Накоска, Магдалена Лековска, Глорија Каровски, Јована Богданоска.

Поради клубски должности на овој собир нема да присуствува Александра Марковска, додека Симона Крстановска е повредена.

Во рамките на овие завршни подготовки селекцијата предводена од Астрит Мерко ќе одигра еден контролен натпревар со женската репрезентација на Македонија до 17 години која неколку дена подоцна исто така ќе одржи подготовки во Дојран пред УЕФА развојниот турнир кој ќе се одржи во Босна и Херцеговина од 24 до 28 август. Противници на нашата млада селекција ќе бидат Хрватска, Црна Гора и домаќинот, репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Селекторот на женската репрезентација до 17 години, Кирил Изов ги повика следните фудбалерки:

Евгенија Крстеска, Елма Шемшовиќ, Теодора Ѓорѓиевска, Драгана Гегова, Анастасија Николовска, Мила Талевска, Ана Благонова, Јана Чубриновска, Ивана Биневска, Елена Петровска, Викторија Игнатовска, Речи Суарта, Улза Максути, Марија Белистојаноска, Јована Ѓорѓиоска, Анита Гоцевска, Цветанка Мицева, Надица Костеска, Теодора Димоска, Дениз Алилоски.




   
   
А репрезентација