Финален турнир во Детска лига на ФФМ за сезона 2018/2019

Објавено на 23 Мај, 2019 во Вести, Детски лиги


Во период 24. мај до 26. мај 2019. на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ Детски лиги - сезона 2018/2019. Годинава за разлика од изминатите сезони кога учествуваа по 48. екипи, сега Фудбалската федерација на Македонија овозможи учество за 88. екипи кои ќе се натпреваруваат во шест возрасни категории - генерација играчи родени 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011. Во секоја од овие генерации со исклучок на најмалите, ќе се натпреваруваат по шеснаесет екипи и на денот на отворањето ќе се одиграат осминафиналните дуели. Четвртфиналните и полуфиналните дуели се предвидени в сабота, додека во недела 26. мај 2019. се предвидени натпреварите за третото место и финалињата, како и доделувањето на признанијата за најдобрите.

Активностите ќе се одвиваат по следниот распоред:

24. мај 2019 (петок)

09:00 часот - Пристигнување, пречек и поставување на екипите н

09:30 часот - Отворање

Од 10:00 часот - Осминафинални натпревари

19:00 часот - Крај на натпреварите и заминување на екипите

25. мај 2019 (сабота)

Од 09:30 часот - Четвртфинални и полуфинални натпревари

19:00 часот - Крај на натпреварите и заминување на екипите

26. мај 2019 (недела)

Од 09:30 часот - Натпревари за трето место во останати категории

10:30 часот - Финални натпревари

12:45 - Прогласување на победници и доделување на награди

Подолу паровите и целосниот распоред на натпревари:

Дијаграм 2019 ДЛ.pdf 

ФФМ упатува отворена покана за присуство до сите заинтересирани медиуми и љубители на фудбалот, а во меѓувреме дозволете да Ве потсетиме како беше минатата година:



   
   
А репрезентација