Финале Куп на Македонија за помлади пионери: Македонија Ѓ.П. е новиот освојувач на трофејот

Објавено на 22 Мај, 2025 во Вести


Помладите пионери на фудбалскиот клуб Македонија Ѓ.П. се новите победници на Купот на Македонија, откако денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" во еден интересен и возбудлив натпревар успеаа да издвојуваат победа над Работнички со 3:1.

Во 21. минута од средбата, Македонија .Ѓ.П. преку Стефан Ристиќ поведе со 1:0. Пет минути подоцна истиот играч, повторно ја затресе противничката мрежа и со својот втор погодок ја зголеми предноста на својот тим. До крајот на полувремето, Работнички успеа да намали, со што ја врати неизвисноста во натпреварот. Стрелец на голот беше Алек Трпковски во 43. минута.

Во продолжението, и двете екипи пропуштија по неколку сериозни прилики за гол. Сепак, тимот на Македонија Ѓ.П. во 77. минута го реши прашањето на победникот, постигнувајќи го третиот гол во мрежата на Работнички. Лука Кнежевиќ беше стрелец на погодокот за конечни 3:1.

ФИНАЛЕ Куп на Македонија за помлади пионери;

Работнички - Македонија Ѓ.П.   1:3 (1:2);

Работнички: Коста Стојановски, Амер Бајрами, Давид Лиотоски, Мартин Боцев, Михаел Аврамовски, Алек Трпковски, Бљерон Буши, Ердин Мамуди, Горјан Ѓапиќ, Дарин Михајловски, Игор Трпковски;

Тренер: Марко Арсовски;

Македонија Ѓ.П.: Андреј Јанкуловски, Филип Наумовски, Теодор Љубомировски, Горјан Петковски, Стефан Ристиќ, Алек Чедомирски, Лука Лазаревски, Јован Гиевски, Огнен Сивевски, Михаил Митрески, Мартин Џангаровски;

Тренер: Мартин Христов;










   
   
А репрезентација