Објавено на 27 Октомври, 2023 во Лиценцирање, Вести
Фудбалската федерација на Македонија е една од двете европски асоцијации избрана да учествува во пилот-проектот на УЕФА за размена на знаења и искуство во областа на клупското лиценцирање.
Иницијативата, поддржана од УЕФА, обезбедува платформа за размена на информации помеѓу лиценцорите (даватели на лиценца) и има за цел да ја поттикне соработката помеѓу нив, да им понуди можност да споделуваат информации и знаења од други средини со цел да го зајакнат системот за лиценцирање на клубови во Европа.
Во рамките на проектот, одделот за лиценцирање во ФФМ беше домаќин на, Давид Перадалта Негре, специјалист за клубско лиценцирање во УЕФА и Иванчица Судац, одговорна за клупско лиценцирање во Хрватската фудбалска Федерација (ХНС).
На состаноци во „Куќа на фудбалот“ се дискутираше за спроведувањето на системот за лиценцирање клубови и се разменија искуства кои можат да придонесат за понатамошниот развој на системот за лиценцирање клубови во земјата.
Алеш Заврл - раководител на УЕФА за лиценцирање клубови:
„Новата програма на УЕФА за размена на знаења и искуство во областа на клупското лиценцирање ги истакна придобивките и важноста од олеснување на соработката помеѓу лиценцорите (давателите на лиценца) на европско ниво. За време на тридневната посета на одделот за лиценцирање клубови на ФФМ имавме можност да направиме сеопфатен преглед на системот и верувам дека размената на информации, знаења и искуство дополнително ќе ја зајакне имплементацијата на лиценцирањето клубови во земјата“.
Иванчица Судац - раководител за клупско лиценцирање во Хрватската фудбалска Федерација:
„Оваа програма на УЕФА ја сметам за исклучително важна како еден од најзначајните бизнис ориентирани проекти на УЕФА во последните две децении. Проектот има за цел унапредување на системот на работа на европските клубови и воопшто фудбалот европскиот фудбал.
Во текот на состаноците во Фудбалската федерација на Македонија разменивме многу корисни информации и искуства од нашата работа. Од самиот почеток се чувствував многу ентузијастички за проектот со тоа имав можност да го споделам моето лично искуство од одделот за лиценцирање во Хрватската фудбалска федерација, нашето знаење и проектите на кои сме насочени. Во вашата федерација, исто така, видовме многу волја, посветеност и ентузијазам од највисокото раководство, до одделот за лиценцирање.
Навистина ми е драго што програмата ќе продолжи во следните месеци, а ние исто така ќе бидеме домаќини на нашите колеги на почетокот на следната година во Загреб за да продолжиме со дискусии и размена на искуства, идеи и предизвици. Повеќе од убедена сум дека ќе ја подобриме нашата работа во корист на нашите клубови и дополнително ќе ги мотивираме да ги развијат и зајакнат своите модели на функционирање и на тој начин да создадат предуслови за поуспешни спортски резултати“.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...