ФФМ меѓу првите првите 15 федерации со УЕФА фитнес А диплома курс

Објавено на 09 Мај, 2025 во Вести, Семинари


Македонија стана една од првите 15 членки на УЕФА што го имплементираа новиот УЕФА Фитнес А Диплома курс, наменет за високо едуцирани кондициски тренери. Првата генерација броеше 21 учесник, најголем дел од нив со веќе стекнати УЕФА лиценци (C, B, A или Pro).

Во текот на 15 дена, курсот се одвиваше во три едукативни блока со вкупно 140 часа предавања и 191 час интерактивна настава, поддржани од 33 домашни и странски едукатори.

Сето тоа беше под супервизија на УЕФА експертите Лука Милановиќ, Хелсен Вернер, Карло Кастања и Крис Барнс.

Преку оваа програма, Едукативниот центар при ФФМ постави нови стандарди за стручно усовршување во кондициската подготовка, со целосен фокус на практична примена и развој на македонскиот фудбал.

Особено значајно на оваа диплома - курс е што УЕФА бара учесниците да имаат високо образование во областа на спортот и физичкото образование за да бидат дел од него, што го позиционира курсот на високо професионално ниво. 

УЕФА уште пред десет години започна со планирање на едукацијата за фитнес фудбалски тренери и тој процес траеше долго и беше многу темелен. Сега сме во фаза кога навистина ги едуцираме кондициските тренери и оваа едукација е многу важна, бидејќи во иднина лиценцата ќе биде задолжителна за учество на кондициските тренери во натпреварувањата на УЕФА, истакна Владимир Вуксановиќ, кондициски тренер во македонската А репрезентација. 




   
   
А репрезентација