Ферхан Хасани поради повреда нема да патува во Словенија

Објавено на 22 Март, 2019 во Вести, Вести


Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани поради повреда здобиена на синоќешниот натпревар против Летонија нема да биде во составот на нашата репрезентација за пресметката против Словенија. Фудбалерот од средниот ред има скинато мускулно влакно и поради тоа не е во можност да настапи на натпреварот во Љубљана.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски нема да повикува друг фудбалер на местото на повредениот Ферхан Хасани.

Натпреварот од 2. коло од квалификаците за ЕУРО 2020. меѓу Словенија и Македонија се игра на 24. март на стадионот „Стожице“ во Љубљана. 




   
   
Актуелности

15.04.2019    Вести

Муамед Сејдини на официјален состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Александар Чеферин: УЕФА со сигурност ќе остане цврст партнер на Фудбалската федерација на Македонија....

Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација