ЕВРО 2020: Македонија ги дозна противниците во група доколку обезбеди место на Европското првенство

Објавено на 30 Ноември, 2019 во Вести, Вести


Македонската репрезентација на извлегување во Букурешт ги доби можните ривали за Европското првенство 2020. Нашата најдобра репрезентација се најде во групата „Ц“ со Холандија, Украина и Австрија, но во оваа конкуренција ќе бидеме само доколку Романија, еден од домаќините на ЕП 2020 не обезбеди пласман на континенталниот собир преку Лига на Нации. Ако Романија се пласира на Европското првенство, тогаш Македонија ќе биде во најсилната група „Ф“ со Германија, Франција и Португалија. Натпреварите од групата „Ц“ ќе се играат во Амстердам и Букурешт, додека пресметките од „групата на смртта“ против европскиот првак Португалија, најтрофејната европска селекција Германија, како и актуелниот светски првак Франција ќе се играат во Минхен и Будимпешта.

Пласманот на Европското првенство 2020, македонската репрезентација ќе го бара најпрвин преку полуфиналето против Косово од Лига на Нации, а потоа следи финале со подобриот од дуелот Грузија и Белорусија.

Европското првенство следната година кое ќе се игра во 12 градови низ Европа. Натпреварувањето ќе биде отворено во Рим, со првата средба од групата А која ќе се одигра меѓу Италија и Турција.

Група А: Италија, Турција, Швајцарија и Велс;
Група Б: Данска, Белгија, Русија и Финска;
Група Ц: Холандија, Украина, Австрија и победникот од пле-јоф Д. 
Група Д: Англија, Хрватска, Чешка и победникот од плеј-оф Ц. 
Група Е: Шпанија, Шведска, Полска и победникот од плеј-оф Б.
Група Ф: Португалија, Франција, Германија и победникот од плеј-оф А




   
   
А репрезентација