ЕУРО 2017: Милевски им даде одмор на фудбалерите кои „гинеа“ против Шпанија

Објавено на 18 Јуни, 2017 во Вести, Вести


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година Благоја Милевски им даде ден одмор на првотимците кои го играа првиот меч против Шпанија од Европското првенство во Полска. Денешниот тренинг на теренот во Гдањск го одработија фудбалерите кои синоќа немаа минутажа на првиот натпревар.

„Не сум, или дел од мене не езадоволен од резултатот, но дел од мене е задоволен затоа што фудбалерите покажаа дека знаат да играат фудбал и против најдобрите. До 65 минута имавме игра, создававме шанси, а потоа паднавме психички и физички. Мора да сме горди на нашето издание и да бидеме позитивни за следните натпревари. Фудбалерите се истрошија и затоа се одлучивме да ја одмориме дел од екипата за следниот натпревар, вели Милевски.

Натпреварот меѓу Србија и Македонија се игра на 20. јуни од 18.00 часот.




   
   
А репрезентација