Објавено на 16 Јуни, 2023 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство. Украина со голем пресврт славеше во Скопје со 3-2.
Ние одигравме две сосема различни полувремиња, беспрекорно прво и лошо второ кое придонесе на крајот да останеме без бодови. Доминиравме во првите 45 минути, период во кој постигнавме два гола преку Барди од пенал и Елмас кој на велемајсторски начин го матираше Трубин.
Се беше добро за нас до првиот гол на противникот преку Забарњи во 62 минута. Од тој момент почнавме да паѓаме и веќе во 67 беше 2-2 со голот на Конопља.
Во 73. минута останавме без Муслиу кој доби втор жолт картон, предност која избрнаиците на Ребров ја искористија и тоа во 83. минута преку Циганов со удар со глава.
Нашата селекција сега ја очекува тешко гостување кај Англија на „Олд Трафорд“. Англичаните ја победија Малта со 4-0.
Квалификации за ЕВРО 2024 – група Ц
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 2:3 (2:0)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 18.000. Судија: Лукас Фандрих (Швајцарија). Стрелци: Барди (п) 30., Елмас 39. (МАК), Забарни 62., Конопља 68., Циганков 83. (УКР). Ж. Картони: С. Ристовски, Муслиу (МАК), Довбик (УКР). Ц. Картони: Муслиу 72. (МАК).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Муслиу, Зајков, Ашковски (65.Брдаровски, 90.Дор.Бабунски), Алиоски, Барди, Адеми (65. Атанасов), Елмас, Несторовски (65. М. Ристовски) Трајковски.
УКРАИНА: Трубин, Тимчик (46. Конопља), Забарни, Матвијенко, Миколенко, Циганков (92. Зубков, Степаненко, Судаков, Мудрик (90. Сидорчук), Довбик (46. Ванат), Јармоленко (66. Малиновски).
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...