Добринко Илиевски: Треба да бидеме во најдобро издание ако сакаме добар пласман

Објавено на 11 Декември, 2018 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 години денеска во Нион ги дозна противниците во квалификациската групата за пласман на ЕП во Унгарија и Словенија 2021 година. Нашата селекција е во групата 6 со репрезентациите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казакхстан и Фарски Острови.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 10. септрември 2019. против Фарски Острови на домашен терен. На 10. октомври 2019. гостуваме во Црна Гора, а пет дена подоцна, на 15. октомври го пречекуваме репрезентативниот тим на Казакхстан. Последните два натпревари во 2019. година ќе ги одиграме на 14. и 19. ноември на гостински терен против Шпанија и Фарски Острови.

Распоредот на натпреварите на Македонија до 21 година од квалификациите за ЕП во 2020 година е следниот: 26. март: Македонија - Израел, 31. март: Израел - Македонија, 08. септември: Македонија - Шпанија, 08. октомври: Казакхстан - Македонија, 13. октомври: Македонија - Црна Гора;

-Задоволен сум од групата во која се најдовме за пласман на Европското првенство, но истовремено и многу внимателен. Противниците, со исклучок на Шпанија, не се атрактивни, но секако имаат квалитет и ќе ја бараат својата шанса за добар пласман. Шпанија е апсолутен фаворит, со сите други ќе се надигруваме. Треба да бидеме во најдобро наше издание доколку сакаме борба за добар пласман, а тоа секако ќе биде наша цел, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски. 



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација