Димитриовски и Елмас од Израел: Веруваме во победа

Објавено на 01 Септември, 2017 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација в сабота од 20.45 часот во Хаифа ќе се обиде првпат да го победи Израел и да го оствариме вториот триумф во кфалификациите за СП во Русија 2018 година погостинска победа во Лихтенштајн. Нашите репрезентативци Столе Димитриовски и најмладиот во тимот Елиф Елмас веруваат во успех.

-Имаме одлична атмосфера и добро се подготвуваме веќе неколку дена. Знаеме од каква важност е натпреварот со Израел и ќе сториме се што треба да одиграме на максимално ниво. Израелците се квалитетна селекција, но мислам дека ние сме подобри во нападот. Треба да бидеме претпазливи во одбраната и да покажеме сигурна реализација. Не размислувам за тоа дали јас ќе бидам на голот, сите ние сте тука си една цел – заеднички да оствариме добар резултат, вели голманот Димитриевски.

-Мора да кажам најпрво дека ми е чест што повторно добивам повик од А репрезентацијата. Да се игра покрај Пандев, Несторовски, Барди, Алиоски и останатите е голема чест. Оваа селекција има иднина, посакуваме тоа да го покажеме и против Израел. Ќе биде тежок меч, но подготвени сме за предизвикот. Ако добиjам шанса, секако ќе се потрудам да ја искористам зошто овој дрес многу значи за мене, изјави Елиф Елмас.





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација