Дејан Савичевиќ гостин во Фудбалската федерација на Македонија

Објавено на 12 Ноември, 2015 во Вести, Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски денеска во „Куќата на фудбалот“ го пречека Дејан Савичевиќ, првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Во однос на вечерашниот контролен натпревар меѓу Македонија и Црнагора, легендата на европскиот фудбал истакна дека очекува победа во тежок натпревар.

-Како и вие што се надевате на победа, така и ние. Мислам дека ќе биде тежок и неизвесен натпревар. Имаме одлични релации со вашата федерација, Илчо е наш пријател и знам колку многу посакувате усоех, но на теренот се прашуваме и ние. Се надевам дека натпреварот ќе биде отворен, убав за око, нека победи подобриот, изјави популарниот Дејо.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски вели дека за Македонија ова треба да претставува нов почеток, со нова енергија и игра со многу труд.

-Се надевам дека ќе оставиме позитивен впечаток на вечерашниот натпревар, за нас ова треба да претставува нов почеток по завршените квалификации. Иако е пријателски натпреварот е важен за нас. Се надевам дека во тимот има нова енергија и многу мотив за докажување во репрезентативниот дрес. Му посакувам успех на селекторот Игор Ангеловски на неговиот прв натпревар како предводник на Македонија, изјави Илчо Ѓорѓиоски.

Натпреварот Македонија – Црна Гора се игра во 18.00 часот на Националната арена „Филип Втори“.




   
   
А репрезентација