Да ги запознаеме младите фудбалски херои!

Објавено на 17 Март, 2017 во Вести, До 21 год


Македонија на Европско првенство во фудбал! Македонија прва во квалификациска група, пред една Франција, Украина, Исланд, Шкотска и Ирска. Победи на домашен терен, победи во гости. Македонскта репрезентација е без пораз година и половина.

Да пишуваме за фудбал?

Поминаа неколку месеци откако се пласиравме на Европското првенство во Полска кое се игра во јуни. Младите повторно се собираат во Скопје и веќе на 24. март треба да играат пријателски натпревар со Црна Гора, а на 28. март со Бугарија. Токму по нивниот тренинг во недела, 19. март, од 14:00 до 15:00 часот, Фудбалската федерација на Македонија организира отворен ден за дружење со македонската репрезентација до 21 година на терените во „Куќа на Фудбалот“.

Да ги запознаеме младите херои! Да ги слушнеме нивните очекувања за претстоечкото првенство во фудбал. Да ја почувствуваме нивната позитивна енергија и вплотеност. Да ги поздравиме и уште еднаш да им искажеме почит!

Недела, 19. март, на терените во „Куќа на фудбалот“ да се почувствуваме шампионски. Да им посакаме уште поголеми успеси на младите фудбалери.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација