Цел натпревар со играч помалку, херојско реми на Македонија до 17 години против Словачка

Објавено на 05 Октомври, 2017 во Вести, До 17 год


Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го одигра второто реми во рамки на квалификацискиот циклус за ЕП. По нерешениот дуел против БиХ, нашите фудбалери и против Словачкаодиграа 0:0.

Словаците доминираа за време на целиот дуел, пред се поради фактот дека Македонија цела средба имаше играч помалку на терен, но сепак, не успеаја да го совладаат Матеј Андов кој бранеше фантастично.

Во 9. минута судијата престрого  покажа црвен картон за Македонија, кога директен црвен картон доби Тошевски. До полувремето Словачка притискаше, но не успеа да даде гол, а на самиот старт на вториот дел, преку Стрелец, Словачка ја имаше најдобрата шанса да погоди, но ударот со пета на напаѓачот одлично го одбрани Андов.

Во 60. минута следеше првата сериозна шанса на Македонија преку Секулов, но тој не реализира, а на спротивната страна, Стрелец во 65. минута пак имаше шанса, но Андов одбрани. Во 70. минута голманот на Македонија повторно се истакна со една одлична одбрана и дефинитивно може да го понесе епитетот играч на натпреварот.

Пред финишот црвен картон заработи и Словачка, затоа што поцрвене Томчек. Македонија се уште има шанса за пласман во втората фаза од циклусот за ЕП, но за тоа ќе мора да ја победи Молдавија во последното коло кое се игра на 8. октомври.

Натпреварот меѓу БиХ и Молдавија заврши со победа на Босанците од 3:0. 





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

Календар
А репрезентација