Бодри ја Македонија на патот до Европско, цените на влезниците 100 и 150 денари

Објавено на 30 Август, 2018 во Билети, Вести


Македонската репрезентација преку новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации ќе се обиде за прв пат во својата историја да обезбеди пласман на Европско првенство. Нашата најдобра репрезентација првиот домашен натпревар од Лига на Нации го игра на 09. септември 2018. против Ерменија со почеток во 18:00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Верните навивачи на Македонија, од понеделник, 03. септември, ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија - Ерменија преку продажната мрежа на MKTickets, а посебен пулт за продажба на билети ќе биде поставен во Skopje City Mall во периодот од 03. септември до 09. септември.

Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Филип Втори“ на денот на натпреварот од 12:00 часот до почетокот на натпреварот.

Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена.

МАКЕДОНИЈА - ЕРМЕНИЈА

Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 09. септември 2018., 18:00 часот




   
   
А репрезентација