Бобан Николов отпадна поради повреда, Адис Јаховиќ му се приклучува на А тимот

Објавено на 02 Октомври, 2017 во Вести, Вести


Италија - Македонија                                  Македонија - Лихтенштајн

Квалификации за СП 2018., Група Г      Квалификации за СП 2018., Група Г

6. октомври 2017., 20:45                           10. октомври 2017., 20:45

Олимписки стадион , Торино                    Стадион „Младост“, Струмица

http://ffm.mk/bileti-za-natprevarite-na-reprezentacijata-na-makedonija

Македонската А репрезентација денеска во Скопје ги започнува подготовките за квалификациските натпревари против Италија и Лихтенштајн за СП 2018 во Русија.

Поради повреда фудбалерот на Вардар, Бобан Николов нема да биде во комбинација за настап на последните два квалификациски дуели. Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски прати дополнителен повик за Адис Јаховиќ. Напаѓачот на турски Гезтепе веднаш ќе се приклучи на А тимот и ќе биде на тренингот во 18:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

На првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ и на попладневниот тренинг во 18:00 часот ќе недостасуваат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски. Тројцата доцна вечерва ќе допатуваат во Скопје и ќе му се стават во функција на селекторот на репрезентацијата Игор Ангеловски.





   
   
А репрезентација